Capital Bank | Financial Inovation

СУПЕР потрошувачки кредит во износ до 1.500.000 МКД 

Кредитот е ненаменски и може да се користи за рефинансирање на кредит во друга банката.

 

Предности на производот:

  • До 450 000 МКД без гаранти и без солемнизација на нотар
  • До 600 000 МКД без гаранти и без солемнизација на нотар за ризична категорија А минимум 12 месеци на ниво на банкарски систем*
  • Можност за аплицирање  во експозитурите на банката
  • Одговор до 30 минути
  • Грејс период 6 месеци по барање на клиентот
  • Можноста за рефинансирање на Вашите долгови
  • Без задолжително префрлување на платата во Капитал Банка

 

Таргет група

  • Резиденти на РСМ, вработени во редовен работен однос во сегашното правно лице минимум 6 месеци на определено со мин. еден продолжен договор или миниум 3 месеци доколку е на неопределено.
  • Институции финансирани од Буџет на РСМ
  • Акционерски друштва
  • Јавни претпријатија
  • Синдикати
  • Бонитетни приватни фирми прифатливи за Банката 

 

Општи услови за аплицирање

  • Максимална возраст на клиентот до 70 години на денот на достасување на кредитот
  • Клиентот да биде класифициран во просечна категорија на ризик А во Банката и категории на ризик А и Б на ниво на банкарскиот систем;
  • Историја на редовен кредитокорисник;
  • За вработени во ЈП, фирми финансирани од Буџет и АД:
  • Максимална задолженост 50%* од нето-приход
  • Полиса за животно осигурување

Административни трошоци: 

 

  • 600 МКД еднократен трошок за аплицирање за потрошувачки кредит
  • 200 МКД административен надомест за користење на податоци од Македонско Кредитно Биро (МКБ)

 

Номинална каматна стапка:

 

1. За приматели и неприматели на плата во Капитал Банка 

*4.77% фиксна за првите 2 години, потоа променлива во преостанатиот период 7,77%

(НРКС + 6.65 п.п.)

 

Висина на кредит во МКД: до 1.500.000

 

Рок на враќање: Минимум 36 месеци - максимум 95 месеци

 

Провизија за одобрување: 2,00% мин. 750 МКД;

 

Кредитна способност: максимална задолженост 50% од нето-приход

 

Користење на средствата: одобрениот износ се префрла на сметката на кредитокорисникот во Капитал Банка АД Скопје;

 

Отплаќање: месечна отплата со еднакви ануитети;

 

Начин на отплата: Административна забрана на плата, траен налог од сметка од Банката каде што се прима пензијата/платата или автоматско повлекување на средства од сметка за приматели на плата во Капитал Банка*

 

Надомест за предвремена делумна или целосна отплата на кредит: 1% од износот на предвремено отплатениот кредит, само доколку предвремената отплата се случи во време кога каматната стапка е фиксна.

*0% провизија за рефинасирање на постоечка изложеност во Капитал Банка со ново одобрени средства (рефинансирање ) во Капитал Банка

 

Поврзани производи: Кредитна картичка МАСТЕРКАРД без чланарина за првата година со потполнета и потпишана апликација од клиентот во износ од две плати.

Дозволено пречекорување на трансакциска сметка за приматели на плата до две плати.

 

СВТ: 8,31% - Пресметката е направена за износ од 1.500.000 МКД, со каматна стапка 4,77% фиксна за првите две години и 7,77% променлива во преостанатиот период (НРКС + 6,65 п.п.) рок 95 месеци, месечен надомест на остаток на главница за одржување 0,10% и провизија за одобрување 2,00%.

Прифатливо обезбедување по извршена кредитна анализа на Банката:

 

  • До 450.000,00 МКД – без гаранти и без солемнизација на Нотар
  • Од 450.001,00 до 600.000,00 МКД – со еден гарант или солемнизација на Нотар, доколку барателот или гарантот има имот на свое име кој е без товар
  • Над 600.001,00- со двајца гаранти или едниот гарант се менува со солемнизација на Нотар, доколку барателот или гарантот има имот на свое име кој е без товар со можност за доставена полиса за животно осигурување. 

Ризична категорија А минимум 12 месеци на ниво на банкарски систем:                   

  • До 600.000,00* МКД – без гарант и без солемнизација на нотар;
  • Над 600.001,00- со двајца гаранти или едниот гарант се менува со солемнизација на Нотар, доколку барателот или гарантот има имот на свое име кој е без товар со можност за доставена полиса за животно осигурување.

 

*Банката го задржува дискреционото право да побара дополнително обезбедување.

Документи

 

  • Копија од лична карта на кредитобарателот и гарантот
  • ЗППОП (потврда за редовен работен однос)
  • Административна забрана на плата или за правни лица кои не заверуваат забрани на плата задолжителен услов плата во Капитал Банка

 

*Задолжителни документи за аплицирање кои е потребно да ги испратите по првичното одобрување од кредитниот референт кој ќе Ве  извести во рок од 30 минути за првичниот одговор на Вашата електронска адреса (во периодот од 08:00-17:00 часот, од понеделник до петок) и за натамошните чекори по Вашето аплицирање. Ве молиме, следете ги инструкциите од Вашиот кредитен референт.

Ве молиме документот за лична идентификација (лична карта или пасош) не го прикачувајте со останатата документација.

  • Комплетно и уредно пополнети формулари - апликација/барање за кредит;
  • Сите останати документи посочени од кредитниот референт;
  • Во случај на одобрување се склучува Договор за кредит, така што кредитобарателот ја потпишува потребната документација;
  • Обработка на апликација во зависност од комплетирање на целокупната потребна документација.

 

За сите дополнителни информации обратете се во најблиската експозитура на Капитал Банка АД Скопје или на тел: + 389 2 3102 558; 3102 528 или e-mail: info@capitalbank.com.mk

За сите дополнителни информации обратете се во најблиската експозитура на Капитал Банка АД Скопје или на тел: + 389 2 3102 558; 3102 528 или e-mail: info@capitalbank.com.mk


Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510